Создај збор.
Смени реалност.
Натпреварот за Зборотворба на годината е отворен. Предложи збор, освои признание и помогни го да го обликуваме македонскиот јазик на 21 век.
Испрати ја твојата зборотворба
Пополни го формуларот и пријави го твојот збор за натпреварот.
Твојот збор е пријавен!
Ти испративме потврда на е-поштата. Стручниот жири ќе ги разгледа сите пријави по 1 септември 2026.
Зошто зборовите се важни
Зборовите продолжуваат да играат со нашите мисли и да ја обликуваат нашата реалност. Од најраните облици на јазикот до денес, зборовите остануваат едно од главните средства со кои го разбираме светот.
Според една од теориите за развојот на јазикот, тој се развивал заедно со потребата луѓето да зборуваат едни за други. Пред и зад грб, дома или на гости, сабајле или навечер — луѓето отсекогаш уживале да го коментираат животот.
Независно од тоа од каде си и што правиш со својот живот, ти мислиш во зборови, зборуваш и озборуваш со нив. Од која страна и да погледнеш — учествуваш во менувањето на јазикот.
Сите зборови што сте ги мислеле, зборувале или озборувале — а се нови, креативни и носат богатство, игривост или идеја — можат да бидат избрани за Зборотворба на годината.
Употреблив потенцијал
Зборотворбите кои имаат шанса да фатат корен во секојдневниот говор ќе имаат предност.
Македонски еквивалент
Особено ќе се ценат зборови кои нудат еквивалент на постоечки интернационализми.
Звучност и употребливост
Креативните зборообразувања се добредојдени — но мора да прават добар спој меѓу звучноста и конкретниот контекст.
Ти чекаат признанија
Главна награда за Зборотворба на годината 2026
Сребрена награда за второпласираниот збор
+ пакет со интересни Зборци работи
Клучни датуми
Почеток на пријавување
1 март 2026 — отворено за пријавување
Рок за пријавување
1 септември 2026 — последен ден за испраќање
Стручна ревизија
Јули 2026 — јазични експерти ги оценуваат пријавите
Прогласување победници
Август 2026 — свечена доделба на наградите